







MAXIFAS Micro Fiber е квалитетна фасадна боја, на база на акрилен врзувач со додаток на силиконски адитив, армирана со синтетички влакна и оплеменета со кварцно полнило што и овозможува премостување на должинските пукнатини до ширина од 0,3 мм и нанесување на дебели слоеви. Дополнително е заштитен од појава на алги и габички. Има одлична покривна моќ, паропропусност, водоодбивност и постојаност на атмосферски влијанија и УВ зрачење. Се употребува за заштита и декорација на надворешни и внатрешни површини од: бетон, продолжен малтер, гасбетон, азбест-цемент и сл. Добро се прилепува на сите минерални подлоги, како и на стари но цврсти премази или декоративни малтери на акрилна, силикатна или силиконска основа. Не се препорачува за боење на свежи, уште некарбонизирани кречни и кречно-цементни површини (мин 28 дена). Се произведува во бела боја и како база за нијансирање на MAXIMIX системот.