HIDROMAX®505

еластичен 2к хидроизолационен цементно-полимерен премаз
Добро е да се знае
CE
CE
двокомпонентен производ
двокомпонентен производ
Не смее да смрзне
Не смее да смрзне
Достапно во пакување
10 (5+5) kg

HIDROMAX 505 е еластична двокомпонентна полимерно-цементна маса изработена на база на цемент, одберени полнила, водоодбојни и водонепропусни полимери со додаток на адитиви. Се состои од сува компонента А и течна компонента Б, со чие вмешување се добива пастозна  маса која се нанесува со четка. Се употребува заради заштита на објектите од појава на капиларна влага, од продор на вода под низок притисок, како и кај ситуации каде е потребно да се обезбеди водонепропусност под влијание на позитивен хидростатски притисок на водата. Се препорачува за хидроизолирање на купатила, кујни, вкопани ѕидови, подрумски и темелни простории, резервоари и базени. Може да се користии во системи со подно греање.