
HIDROMAX®Elastic
eластичен 2K хидроизолационен полимерно-цементен премаз



HIDROMAX Elastic е еластична 2K маса изработена на основа на цемент и специјално селектирани агрегати, подобрена со водоодбивни, водонепропустни и алкално отпорни полимери, засилена со влакна, збогатена со посебни адитиви за хидроизолација и заштита на бетонските површини. Се состои од сува компонента А и течна компонента Б, со чие вмешување се добива пастеста маса која се нанесува со четка или со метална глетарка. Поседува способност за премостување на пукнатини, одлична адхезија со минералните површини, може да се нанесува и при пониски температури и во услови на влага. Се употребува за заштита на објектите од појава на капиларна влага, продор на вода под притисок како и во случаи каде е потребно да се обезбеди водонепропусност при позитивен и поголем негативен хидростатички притисок на водата. Се препорачува за хидроизолација на кујни, купатила, вкопани ѕидови, подруми и подрумски простории, темели, базени за пливање, тераси и балкони, односно сите површини кои се изложени на атмосферски влијанија и свитливи напрегања.