HIDROMAX®Flex

флексибилен 2K хидроизолационен полимерно-цементен премаз
Добро е да се знае
CE
CE
двокомпонентен производ
двокомпонентен производ
Не смее да смрзне
Не смее да смрзне
Достапно во пакување
17 (12 + 5) kg

HIDROMAX Flex е флексибилна 2K маса изработена на основа на цемент подобрена со водоодбивни и водонепропустни полимери, специјално селектирани агрегати, збогатена со посебни адитиви. Се состои од сува компонента А и течна компонента Б, со чие вмешување се добива пастеста маса која се нанесува со четка или со метална глетарка. Се употребува за заштита на објектите од појава на капиларна влага, продор на вода под притисок како и во случаи каде е потребно да се обезбеди водонепропусност при позитивен хидростатички притисок на водата. Се препорачува за хидроизолација на купатила, кујни, вкопани ѕидови, подруми и подрумски простории, темели, базени, тераси и балкони.