HIDROMAX®Lastic

еластичен 1K хидроизолационен полимерно-цементен премаз
Добро е да се знае
CE
CE
razredjenje vodom
2,3–2,5 L / 10 kg
Достапно во пакување
10 kg

HIDROMAX Lastic е 1К еластична прашкаста маса изработена на основа на цемент и специјално селектирани агрегати, подобрена со водоодбивни, водонепропустни и алкално отпорни полимери, засилена со влакна, збогатена со посебни адитиви за хидроизолација и заштита на бетонските површини. Поседува способност за премостување на пукнатини, одлична адхезија со минералните површини и може да се нанесува на влажни површини. При вмешување со вода се добива пастеста маса која се нанесува со четка или со метална глетарка. Се употребува за заштита на објектите од појава на капиларна влага, продор на вода под притисок како и во случаи каде е потребно да се обезбеди водонепропусност при позитивен и поголем негативен хидростатички притисок на водата. Се препорачува за хидроизолација на кујни, купатила, вкопани ѕидови, подруми и подрумски простории, темели, базени за пливање, тераси и балкони, односно сите површини кои се изложени на атмосферски влијанија и свитливи напрегања.