
SAMOLIV®
маса за израмнување на бетонски подови во ентериериSAMOLIV е цементна самонивелирачка маса, наменета за израмнивање на бетонски подови во ентериерите. Погоден е за примена во простории со подно греање, пред вградување на подните облоги (ПВЦ подови, ламинат, паркет, керамички плочки...). По стврднувањето, се добива фина мазна површина. Се нанесува во тенок слој, со максимална дебелина до 8 mm. Доколку се јави потреба за подебел слој, се нанесува нов слој, на веќе претходно исушениот. SAMOLIV-от не е предвиден како завршен газечкислој.