Ентериеристите сивата ја сметаат за совршена боја. Најчесто служи како подлога за истакнување и акцентирање на некои делови од просторот или детали во него. Многу лесно се вклопува со останатите бои, а некои комбинации се безвременски, како што е портокаловата и сивата која е почеста во светот на бизнисот и остава ексклузивен впечаток. Хроматиката и психологијата на боите сивата ја карактеризираат како ладна, неемотивна и конзервативна боја која нема посебно стимулирачко дејство на човекот. Таа е цврста и стабилна, обезбедува чувство на мир и сигурност. Потсетува на зрелост, интелект и знаење, работност и одговорност. Затоа нијансите на сивата се сретнуваат во формалниот, канцелариски и работен простор.
Сивата боја не мора да биде досадна
Експертите за уредување на простор секога ќе ви кажат дека премногу сива во некоја просторија може да предизвика меланхолија и депресија. Доколку непрофесионално и на своја рака ја употребите, ризикувате домот да ви наликува на безличното канцелариско опкружување или аеродромски терминал. Затоа сивата се употрбува како позадинска боја на која отпосле се додаваат други бои, посилни бои и така се постигнува саканиот ефект. Светлите нијанси на сива многу добро, па дури и поефикасно, можата да ја заменат белата боја на место на подлога, а потемните црната. Кога правилно се комбинираат со другите бои. сивата станнува пософистицирана, креативна и инспиративна. Таа делува смирувачкки на околните бои и ја ублажува силината на живописните тонови. Оваа се некои од основните правила за вклопување на сивата со другите бои, меѓутоа правилата се тука и за да се скршат, затоа што сивата боја тоа го дозволува. Доколку светлите нијанси на сива ги комбинирате со пастелните нијанси на сина, розе, зелена и лаванда го постигнувате таканаречениот женски принцип. За да добиете машки призвук во просторот, овие бои ке ги употребите во нивните интензивни тонови. Сепак, ако во вашиот простор доминираат темни нијанси на сива, погрижете се вашето осветлување да биде посилно и правилно распоредено. Сивата е и боја на металот, среброто, па со неа може да креирате ефект на висока технологија и индустрија. Ретро изгледот може да го постигнете ако на сива подлога додедете светло розови детали. Сивата има сила да таканаречените топли бои, како што се златните, жолтите и црвените тонови делумно да ги разладува. Свежина и ведрина ќе внесат светло жолти детали на нешто потемно сива основа. Гулаб сивата со лимон жолтата е класифицирана на листата на најсовршени комбинации.
Apsolutno IN u poslednje vreme jeste moderan miks elegantne sive sa energičnom crvenom bojom, naročito u dnevnim sobama.
I još jedna veoma korisna informacija - siva veoma uspešno sakriva mrlje i nepravilnosti na zidnim površinama.
Ljudsko oko može razlikovati oko 500 nijansi sive, od tamne grafitne, slonove kože, preko golubije sive, srebrne i boje betona i kamena...
Ništa nije tako lično kao odabir boja za zidove prostora u kojem boravite. Zato vam predlažemo da upotrebite prednosti modernih tehnologija i pomoću naše aplikacije pronađete Vašu idealnu kombinaciju. Pogledajte kako određeni se tonovi sive uklapaju sa drugim bojama i sve to u prostorijama različite namene, pa i na zidovima Vašeg prostora.