Аналогна шема на комбинирање на бои - што е и како се користи

Еден од најважните елементи при уредување на ентериерот е одбирање на бојата. Тоа воедно e и еден од најголемите предизвици бидејќи бојата има исклучително влијание при создавање на одреден амбиент. Само еден детал во друга боја му дава различен изглед на целиот простор.

Од друга страна, бои и нивни нијанси има многу. Уште повеќе можности за нивно вклопување. Колку боја да се употреби за да се добие пријатна хармонија во просторот? Како да се сложат а да се избегне впечатокот на монотонија или пак невкус и хаотично шаренило. Планирање на добитната комбинација почнува со истражување и разбирање на карактеристиките на боите и нивниот однос. Основната алатка за комбинирање на боите е кружната палета од 12 бои. Боите во кругот се делат на ладни и топли, примарни, секундарни, терцијарни и неутрални. Покрај тоа можат да бидат темни или светли. Добро познавање на овие карактеристики може да ни помогне да го креираме саканиот амбиент, да ги истакнеме предностите и да ги ублажиме недостатоците на одредениот простор.

Едно од основните правила е да не се комбинираат повеќе од три бои. Постојат неколку утврдени и докажани принципи за нивно сложување, а една од нив е аналогната шема.

Аналогни бои за складност и удобност

Аналогната шема представува комбинирање на три (може и две) бои кои во кругот со бои се наоѓаат во низа, една до друга. Аналогните нијанси се сложуваат многу добро и со нив се постигнуваат мирни, хармоничнии удобни амбиенти. Ентериерните дизајнери препорачуваат да се користи аналогниот принцип за вклопување на ладни или топли бои. На пример, за соба идеална комбинација е црвена, портокалова и жолта боја. Така креираме амбиент со исклучителна топлина и удобност. Виолетовата, сината и зелената даваат поладен ефект, идеални се за соби за одмор и релаксација. Ваков склоп на бои често се сретнува во природата и поради тоа е исклучително пријатна за човечкото око. Најдобар пример за сложување на бои по аналогната шема е градација на бојата на листовите во есен. Во уметноста еден од примерите за аналогно сложување е сликата на Ван Гог “Сончогледите”.

Иако аналогното комбинирање дава хармонична избалансираност, како мана може да се наведе изостанокот на силен контраст. Секако, постојат начини да се постигнат и повеќе спротивности во аналогното сложување на боите.

На крајот, не мора да знаете ништо за боите и принципите за нивното вклопување во ентериерите. За да го добиете она што го сакате во својот простор, најдобро е се околу планирањето, одбирањето на соодветните материјали и самото изведување да го препуштите на професионалните екипи. Ваше е само да посакате, да дадете почетна идеја, а стручните лица ке се погрижат вашата идеја во што пократко време да се претвори во вистинско ремек дело на вашите ѕидови.





Ostali saveti

Подразбирлив алтернативен текст

Од напуштена фабрика до инспирација

Неретко, сликарските уметнички дела се сметаат како елитистички, недостапни скапоцености кои се прикажуваат во галери...

DOWNLOAD CENTAR.jpg

Уметност на ѕидот

Повеќето искусни молери ќе ви кажат слично-дека фарбањето или молерисувањето за нив е многу повеќе од само премачкува...

pigmenti11.jpg

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Без боја нема убавина и боите зборуваат на сите јазици, повеќето од нас се согласуваат со овие изјави. Сите имаме нек...

BRAON BOJA.jpg

Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и ...

Кафеавата боја спаѓа во група на неутрални секундарни бои која се добива со мешање на црвена, зелена и сина боја (сов...

bojanka.jpg

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

Боенките за деца секогаш биле ефикасна алатка за родителите, за да го преокупираат вниманието на децата и да добијат ...

50 NIJANSI SIVE.jpg

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

Сивата е неутрална бојa, боја на компромиси. Се создава со мешање на бела и црна боја, две таканаречени НЕбои. Токму ...

TOPLE I HLADNE BOJE.jpg

Топли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Веројатно досега сте се сретнале со поделбата на боите на топли и ладни. Можеби и знаете кои бои припаѓаат на топлите...

ŽUTA BOJA.jpg

Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимиз...

Жолтата боја е боја на сонцето, сјајот и ведрината. Таа е најстимулативна од сите бои кои човечкото око прво ја ...