Боите во функција на просторот - еве што би требало да знаете

Замислете свет без бои, само за момент. Би било навистина еднолично и доста неинспиративно да се живее во такво опкружување, ке се сложите. 
Боите имаат голема улога и влијание во животот на луѓето.

Затоа е исклучително важно во кои бои го боите својот свет и просторот во кој живеете, одмарате, учите, работите... Бројни студии ја потврдуваат физиолошката, биолошката, психолошката и естетската функција на боите. Со нив можеме да изразиме автентичност, да поттикнеме расположение, креативност, мотивација и продуктивност, да ја менуваме намената на просторијата. Боите и го продаваат производот, тие се силно маркетингшко оружје, тоа ќе ви го потврди секој маркетинг експерт. Дали сте знаеле дека бојата е 85% од причината зошто се одлучуваме да купиме некој производ? Се ова навистина важи ако знаеме КАКО правилно да го ускладиме изборот на бојата со функцијата на просторијата. Само така можеме во потполност да ја искористиме нејзината намена или да надоместиме одредени недостатоци. Тоа подразбира одлично познавање на карактеристиките на боите, нивно правилно комбинирање и ефектот кој се постигнува. Најдобро е таа работа да ја довериме на стручните лица и ништо да не препуштаме на случајноста. Професионалната екипа ќе знае не само непогрешливо да ги усклади боите со функцијата на просторот, туку и да избере доволно квалитетни материјали (линк) да би се постигнал саканиот ефект. Сепак, со неколку проверени совети некои работи можете да ги одработите и сами.

Функционалноста пред естетиката

Сите имаме свои омилени бои. Но, кога бираме нијанса за одредена просторија, естетското доживување би требало да и одстапи место на функционалноста. Одбирот на бојата зависи од повеќе фактори: осветленоста, температурата, источната или западна ориентираност, големината на просторијата и евентуалните недостатоци кои би требало да се корегираат. Светлината и температурата во просторијата многу влијаат на изборот на бојата. Доколку просторијата е свртена кон север, пожелно е да се употребат топли бои, како што е црвената, портокаловата и жолтата. Овие елегантни бои се препорака и за просториите во кои најмогу се престојува, како дневни соби, бидејќи создаваат чувство на топлина и пријатност. Секако, треба да се биде умерен посебно со црвената боја.

Црвената иаку делува како моќен психолошки стимуланс може да предизвика непријатност и вознемиреност, но секогаш може да се искористи за декорација на некој детал. Темните и топли бои даваат пријатен тон на амбиентот, но истовремено и го смалуваат, па ги користиме за простории со поголеми димензии.

Топлите и сончеви соби свртени према југ би требало да се бојат со поладни нијанси како сина, зелена и виолетова. Може да ви користи и податокот дека луѓето во зеленоплавите соби чувствуваат за 3-4 степени пониска температура него во портокаловата, иаку во двата случаја температурата е иста. Зелената и плавата се одличен избор и за купатилските простории бидејќи се отворени и создаваат чувство на свежина. Идеални се за помали купатила бидејќи ладните бои визуелно го зголемуваат просторот. Неутралните и пастелните бои ќе го дадат потребниот мир во спалната соба. Водоперливите бои со различните ефекти, со светли додатоци или со засилен сјај можат да го дополнат просторот и да створат едно прекрасно ќоше за најмалите.

Боите ја зголемуваат продуктивноста и продажбата

Најголемите компании со години се потпираат на хроматиката и психологијата на боите, како би влијаеле на продуктивноста на вработените и како би потикнале поголема продажба на производите. Одбирот на боите во работната околина е важен, бидејќи на работното место го поминуваме поголемиот дел од денот. За повеќето луѓе работната околина е како втор дом. Ладните бои во канцеларискиот простор ќе створат мирна атмосфера и впечаток дека времето побргу минува. Сината боја е идеална за стимулорање на умот, и затоа е многу популарна во сметководствените бироа. За креативните професии дизајнерите на ентериер предлагаат жолта, а за баланс и погоема продуктивност - зелена. Секако, секогаш можете да искомбинирате повеќе бои и да го искористите ефектот на секоја. Бојата во продажниот простор би требало да се бира во зависност од тоа што сакате да предизвикате кај потенцијалниот купувач. Често одредени бои трајно се врзуваат за одреден бренд (МекДоналдс на пример) и тоа кај купувачите буди чувство на блискост. Сината поттикнува спокој и доверба, додека црвената претставува сила и служи за нагласување и подтик на апетитот во рестораните. И на крај, човечкото око разликува околу 10 милиони нијанси на боја. Употребете ја имагинацијата и имајќи на ум некои од овие совети, препуштете се на бескрајните комбинации. Инспирацијата е насекаде околу нас.





Ostali saveti

Подразбирлив алтернативен текст

Од напуштена фабрика до инспирација

Неретко, сликарските уметнички дела се сметаат како елитистички, недостапни скапоцености кои се прикажуваат во галери...

DOWNLOAD CENTAR.jpg

Уметност на ѕидот

Повеќето искусни молери ќе ви кажат слично-дека фарбањето или молерисувањето за нив е многу повеќе од само премачкува...

pigmenti11.jpg

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Без боја нема убавина и боите зборуваат на сите јазици, повеќето од нас се согласуваат со овие изјави. Сите имаме нек...

BRAON BOJA.jpg

Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и ...

Кафеавата боја спаѓа во група на неутрални секундарни бои која се добива со мешање на црвена, зелена и сина боја (сов...

bojanka.jpg

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

Боенките за деца секогаш биле ефикасна алатка за родителите, за да го преокупираат вниманието на децата и да добијат ...

50 NIJANSI SIVE.jpg

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

Сивата е неутрална бојa, боја на компромиси. Се создава со мешање на бела и црна боја, две таканаречени НЕбои. Токму ...

TOPLE I HLADNE BOJE.jpg

Топли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Веројатно досега сте се сретнале со поделбата на боите на топли и ладни. Можеби и знаете кои бои припаѓаат на топлите...

ŽUTA BOJA.jpg

Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимиз...

Жолтата боја е боја на сонцето, сјајот и ведрината. Таа е најстимулативна од сите бои кои човечкото око прво ја ...