Играјте се со боите по системот 60-30-10%

Многу пати до сега ве имаат прашано која е вашата омилена боја. Сите ние ја имаме, дури и неколку. А сега замислете ги собите во кои престојувате, работете, одмарате обоени во таа боја. Единствениот ефект кој би го постигнале е монотонија и чиста досада.

Значи, потребно е да се употреби повеќе боја.

Но како да ги вклопиме сите тие бои за да добиеме амбиент каков што сакаме и во кој ќе се чувствуваме пријатно? Сложувањето на бои е една од најважните елементи во теоријата за бои и декорирање на ентериерите со боја. Тоа е и едно од првите прашања кое се наметнува кога почнуваме со адаптирање на просторот. Основното сложување започнува од кругот со бои, т.е. спектар на бои наредени во круг. Најчесто се сретнува верзија на круг со 12 бои. Во рамките на спектарот разликуваме примарни, секундарни и терцијарни бои. Кога тоа го знаеме, можеме да ги комбинираме по некои утврдени и проверени системи и во однос на ефектот што сакаме да го постигнеме.

Правило на сложување на бои 60 - 30 - 10%

Основно дизајнерско правило за однос на боите во просторот е 60 - 30 - 10%. Доколку се придржувате сигурно е дека нема да згрешите и ќе добиете избалансиран лик на вашиот ентериер.

Во превод ова значи дека 60% е бојата на ѕидовите, 30% боја на мебелот, плакари, завеси, теписи и сл, а 10% се деталите како што се слики, перници, ламби и разни декоративни аксесоари. Боите може да ги бирате водејќи се по принципот на контраст или складност. Најбитно е боите да се сложуваат. Пред тоа, би требало да се запознаат главните карактеристики на боите, нивното влијание и ефект кој може да се добие со нивното комбинирање. Основните поделби се на топли и ладни, темни и светли нијанси. За сите три бои може да се употребат нијанси на една иста боја, може да бидат и сосем различни. На конкретен пример тоа изгледа вака: доминантна боја во дневната соба најчесто е некоја кафеафа, беж, сива или бела нијанса. Тоа секако може да биде било која боја која ја сакате толку за да и го препуштите најголемиот дел од просторот. Секундарната исто така може да биде било која од вашите омилени бои комплементарна на доминантната боја. Ако е доминантната бела, идеална за секундарна би можела да биде сива или црна. Акцентната боја служи да истакне и да даде еден автентичен печат на просторот. Главно се користат силни, интензивни бои, но во зависност од останатите може да биде и некоја неутрална , пастелна нијанса.

А еве и како да го прекршите

Правилата се тука и за да се кршат. Во животот, па и во уредувањето на просторот, но, за да заобиколите некое правило најпрвин мора одлично да го познавате. Доколку сте бунтовник по природа или балансот го гледате малку поинаку, секогаш може да напишете свои правила. На пример може да експериментирате со пропорцијата 30 - 30 - 20 - 20% се додека таа дава резултат и потребната рамнотежа во вашиот простор. Или пробајте ја формулата 110%. Едноставно, наместо една изберете две силни акцентни бои. Сосем доволно да постигнете ефект и да бидете доволно автентични.

Ако сето ова и понатаму звучи премногу компликувано или не е баш ваша област на интересирање, а сакате квалитетно и вкусно декориран простор, секогаш може да побарате помош од професионална екипа. Вашите желби и можности, со веќе докажаните материјли и стручните екипи кои ќе ви осмислат и изреализираат се, е вашата сигурна формула.





Ostali saveti

Подразбирлив алтернативен текст

Од напуштена фабрика до инспирација

Неретко, сликарските уметнички дела се сметаат како елитистички, недостапни скапоцености кои се прикажуваат во галери...

DOWNLOAD CENTAR.jpg

Уметност на ѕидот

Повеќето искусни молери ќе ви кажат слично-дека фарбањето или молерисувањето за нив е многу повеќе од само премачкува...

pigmenti11.jpg

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Без боја нема убавина и боите зборуваат на сите јазици, повеќето од нас се согласуваат со овие изјави. Сите имаме нек...

BRAON BOJA.jpg

Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и ...

Кафеавата боја спаѓа во група на неутрални секундарни бои која се добива со мешање на црвена, зелена и сина боја (сов...

bojanka.jpg

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

Боенките за деца секогаш биле ефикасна алатка за родителите, за да го преокупираат вниманието на децата и да добијат ...

50 NIJANSI SIVE.jpg

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

Сивата е неутрална бојa, боја на компромиси. Се создава со мешање на бела и црна боја, две таканаречени НЕбои. Токму ...

TOPLE I HLADNE BOJE.jpg

Топли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Веројатно досега сте се сретнале со поделбата на боите на топли и ладни. Можеби и знаете кои бои припаѓаат на топлите...

ŽUTA BOJA.jpg

Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимиз...

Жолтата боја е боја на сонцето, сјајот и ведрината. Таа е најстимулативна од сите бои кои човечкото око прво ја ...