Исполнете го вашиот ентериер со ведрина и енергија со помош на портокалова боја

Портокаловата е најтоплата од сите бои во спектарот. Таа се создава со мешање на црвена и жолта и ги носи позитивните особини од двете бои. Интензитетот и агресијата на црвената совршено ја балансира ведрината на жолтата боја. Портокаловата боја е стимулативна и многу емоционална, жива, енергична и забавна. Тоа е боја на виталност, оптимизам, просперитет, ентузијазам и авантура. Портокаловата е и боја на есента и жетвата, поттикнува желба за храна. Во природата го симболизира огнот, зајдисонцето, цвеќето, зеленчукот... Таа е многу експресивна па затоо се користи за истакнување и привлекување на внимание.

Таа го забрзува протокот на кислород низ мозокот, ја поттикнува концентрацијата и учењето. Портокаловата е единствена боја која своето име го добила по овошје, портокал. Секогаш е актуелна и е во тренд, особеноод кога „ Forbes magazine “ ја прогласи за многу влијателна во маркетингот. Постојат посветли и потемни нијанси на портокалова во зависност од присутноста на жолтата или црвената: теракота, шафран, боја на тиква, кајсија, праска, пудра...

Во декорирањето на ентериерот, портокаловата боај е соодветна за сите наменски простории, само ако се употреби вистинската нијанса. Бидејќи е интензивна и многу топла, портокаловата не се препорачува како доминантна боја, туку во соодветна комбинација со останатите бои.

Портокаловата е вистински пример за основното дизајнерско правило: не постои лоша боја, туку само нивно лошо (нестручно) комбинирање.

Како портокаловата да блесне во полн сјај на вашиот ѕид

Портокаловата боја остава многу простор за креативна игра со нејзините нијанси во ентериерот за да се постигнат различни ефекти. Доколку стручно се одбере нијансата, оваа боја може да се користи во секоја просторија, без оглед на нејзината функција. Сепак, треба да се има во предвиде дека портокаловат е екстремно топла, и визуелно го смалува просторот. Затоа треба да се комбинира со ладните тонови и да се употребува во добро осветлени простории.

Психолозите сметаат дека портокаловата помага во концентрацијата, учењето и на формирањето на личноста. Затоа, таа е совршена за декорација на детските соби и канцелариски простории. Посебно е актуелен спојот на сината со портокаловата, кој дава складен но автентичен изглед на собите за дечињата. Портокаловата ја поттикнува комуникацијата, ја ублажува нервозата, што ја прави совршен избор за простори во кои живеат повеќе луѓе, кои служат за дружење и забави, како што е дневната соба. Оваа разиграна и енергична боја ја стимулира активноста, па затоа дизајнерите ја препорачуваат за фитнес центри и простории во кои се вежба.

Препорачливо е посилните нијанси на портокалова да се избегнуваат во спалните соби, бидејќи иако таа не е страсна и агресивна како црвената, може да ви го наруши сонот и да предизвика вознемиреност. Од друга страна, во кујни, портокаловата е и повеќе од добредојдена, но само ако не сте на некој посебен режим на диета или исхрана. Портокаловата предизвикува силна желба за храна и го подобрува апетитот, затоа сопствениците на баровите и рестораните најчесто ја користат. Потполн хит во последно време се деталите, кујнски елементи или шанкови во вибрирачка портокалова боја.

Топло и пријатно добредојде можете да создадете ако ги обоите ѕидните површини во ходникот во мека нијанса на портокалова, како што е боја на праска, кајсија, кожа и лосос. Интензивни живописни цитрусни тонови на портокалова во детали или некои делови од просторот ќе го оживее амбиентот и ќе му даде младешки изглед. Темните тонови на боја како тиква или килибар внесуваат дополнителна толина и удобност. Сигурно нема да згрешите ако покрај портокалова употребите и бела боја која на просторот ќе му даде дополнителна светлост. Атрактивен, софистициран и елегантен изглед на просторот ќе му даде и помалку несекојдневната комбинација со виолетова боја, која исто така може да се надополни со бели детали. Кафеавите тонови со портокаловите тонови ќе обезбедат топла и пријатна атмосфера совршена за дневна и спална соба, но и за трпезариите. Портокаловата е совршен начина за да ја „разбиете“ монотонијата на сива, а со зелена ќе добиете крајно свеж и модерен изглед на вашата бања.
И на крај, за магичен и егзотичен, мистичен и топол амбиент храбро јкомбинирајте ја со црна, и секако ќе имате „ ин“ ентериер во последен тренд.

Како сето оваа ке изгледа со Максима нијансите на портокалова, во одредени простории, па дури и на вашите ѕидови кои ќе сакате да ги стилизирате, погледнете со помош на нашата апликација. За да го добиете посакуваниот ефект кој ќе го изберете, најдобро е да се посоветувате со нашиот стручен тим.








Ostali saveti

Подразбирлив алтернативен текст

Од напуштена фабрика до инспирација

Неретко, сликарските уметнички дела се сметаат како елитистички, недостапни скапоцености кои се прикажуваат во галери...

DOWNLOAD CENTAR.jpg

Уметност на ѕидот

Повеќето искусни молери ќе ви кажат слично-дека фарбањето или молерисувањето за нив е многу повеќе од само премачкува...

pigmenti11.jpg

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Без боја нема убавина и боите зборуваат на сите јазици, повеќето од нас се согласуваат со овие изјави. Сите имаме нек...

BRAON BOJA.jpg

Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и ...

Кафеавата боја спаѓа во група на неутрални секундарни бои која се добива со мешање на црвена, зелена и сина боја (сов...

bojanka.jpg

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

Боенките за деца секогаш биле ефикасна алатка за родителите, за да го преокупираат вниманието на децата и да добијат ...

50 NIJANSI SIVE.jpg

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

Сивата е неутрална бојa, боја на компромиси. Се создава со мешање на бела и црна боја, две таканаречени НЕбои. Токму ...

TOPLE I HLADNE BOJE.jpg

Топли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Веројатно досега сте се сретнале со поделбата на боите на топли и ладни. Можеби и знаете кои бои припаѓаат на топлите...

ŽUTA BOJA.jpg

Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимиз...

Жолтата боја е боја на сонцето, сјајот и ведрината. Таа е најстимулативна од сите бои кои човечкото око прво ја ...