Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и топлината на земјата

Кафеавата боја спаѓа во група на неутрални секундарни бои која се добива со мешање на црвена, зелена и сина боја (совршен однос е 56:43:23%). Во тоа е и тајната зошто кафеавата боја се вклопува со сите останати тонови од спектарот.

Кафеавата  е земјана боја која често се сретнува во природата и симболизира сила, стабилност, топлина, удобност. Поради топлината со која вибрираат темните тонови, се смета за есенска и зимска боја. Најчесто луѓето ја доживуваат како природна, конвенционална и приземна боја, иако одредени нијанси може да делуваат крајно софистицирано. Се употребува и како погодна замена за црната боја.

Кафеавата боја потсетува и на нешто што се јаде, пријатно и вкусно, па затоа многу луѓе ја сметаат како синоним за чоколада или кафе. Во комбинација со зелената боја дават еден вонвременски спој на земјени бои кои асоцираат на рециклирање и заштита на животната средина.

Кафејавата е боја на едноставност. Нејзините темни тонови оставаат впечаток на отменост, богатство и удобност, како чоколадните и кафените, додека нежните и светли (беж, бело кафе, капучино...) се идеална база за комбинација со поживи и интензивни тонови. Дизајнерите на ентериерот ја сакаат слободата на креативност која им ги овозможува неутралноста на кафеавите тонови, затоа често се сретнуваат како во станбените така и во деловните опкружувања.

Експлозија на неутрално кафеави тонови на ѕидот

Кафеавата боја најчесто ја карактеризираат и како здодевна и монотона боја без карактер. Но тоа е само доколку не ја познавате нејзината вистинска природа и фантастични можности за комбинирање со сите останати бои во спектарот. Со креативното вклопување на другите тонови ќе избегнете конвенционалност и ќе создадете различни средини во просторот кој во исто време ќе делува како безвременски vintage и современ стил. Интимна атмосфера и изглед на песочна плажа можете да добиете со правилно комбинирање на белата со кафеави нијанси. Овој спој е совршен избор за трпезарии и дневни соби, како и хармонија која кафеавата и портокаловата им го дава на просторот. Свежина и модерен изглед помеѓу кафеавите тонови ќе внесат светлосините детали, а женска нота на ентериерот ке даде нежната боја на лаванда. Кујни во вакви тонови често ке сретнете во светските списанија за стилизирање на просторот.

Класичен изглед на просторот може да се добие со комбинација на црвена и кафеава боја. Бидејќи и двете се темни и впиваат многу светлина, ваквиот дизајн се препорачува во многу осветлени простории. Дополнителна светлина можа та да дадат светлосиви и крем нијанси на ѕидовите и таваните, токму таков моќен и несекојдневен дизајн најчесто се сретнува во машките спални соби.

Топол и семеен ефект се постигнува со вклопување на кафеавата и жолтата, додека посебна осветленост и ведрина на оваа комбинација ќе и дадат белите детали. Старомоден изглед на кафеава боја на ѕидовите може да се добие со нијанси на виолетовата и тиркизната боја. Со додавање на бела, се добива елегантен, модерен и удобен изглед на просторијата. Кафеавата боја е совршена за комбинирање, па затоа ви препорачуваме да се позанимавате со Максима нијансите на оваа боја со помош на нашата апликација и да создадете свое ремек-дело на ѕидовите во различни простории. Исто таака, можете да ја вклопувате со сите останати Максима тонови од нашата богата понуда и тоа на слика од вашиот простор кој сакате да го декорирате. А кога ќе дојдете до совршена комбинација, повикајте го нашиот професионален тим кој ќе ви ги препорача соодветните и квалитетни материјали и вашата замисла ќе ја претвори во реалност.


Други совети

Подразбирлив алтернативен текст

Од напуштена фабрика до инспирација

Неретко, сликарските уметнички дела се сметаат како елитистички, недостапни скапоцености кои се прикажуваат во галери...

DOWNLOAD CENTAR.jpg

Уметност на ѕидот

Повеќето искусни молери ќе ви кажат слично-дека фарбањето или молерисувањето за нив е многу повеќе од само премачкува...

pigmenti11.jpg

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Без боја нема убавина и боите зборуваат на сите јазици, повеќето од нас се согласуваат со овие изјави. Сите имаме нек...

bojanka.jpg

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

Боенките за деца секогаш биле ефикасна алатка за родителите, за да го преокупираат вниманието на децата и да добијат ...

50 NIJANSI SIVE.jpg

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

Сивата е неутрална бојa, боја на компромиси. Се создава со мешање на бела и црна боја, две таканаречени НЕбои. Токму ...

TOPLE I HLADNE BOJE.jpg

Топли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Веројатно досега сте се сретнале со поделбата на боите на топли и ладни. Можеби и знаете кои бои припаѓаат на топлите...

ŽUTA BOJA.jpg

Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимиз...

Жолтата боја е боја на сонцето, сјајот и ведрината. Таа е најстимулативна од сите бои кои човечкото око прво ја ...

ZELENA BOJA.jpg

Зелена боја - обојте го вашиот простор со природата

Ентериеристите напросто ја обожаваат зелената боја. Еве и зошто... Зелената боја е неутрална и се сложува со ско...