Најпрвин, на располагање имаме голем број на бои и нивни нијанси и безброј начини да ги искомбинираме. Вкусовите се различни, така и убавината на ентериерот е во перцепција на набљудувачот. Па ако на ова додадеме и дека за вкусовите неможе да се расправа... Премалку боја - монотонија, премногу - хаотичност со призвук на кич. А знаеме дека она кон што се стремиме е создавање на хармонија. Сосема доволно причини да веќе на самата помисла добиете главоболка. За среќа, постојат неколку едноставни правила за комбинирање на бои кои секогаш даваат резултати.
Еден математички прецизен начин да вклопите боја во вашиот простор и да создадете избалансиран амбиент е да го користите принципот на тријадите. Се што ви е потребно е еден едноставен круг на бои или кружна палета од 12 бои и еден рамностран триаголник кој ќе го впишете во него. И магијата започнува...
Што се тријади
Едно од општо прифатените правила е дека најдобро правило за декорирање на просторот е да се користат комбинации од три бои. Но кои три бои? Како да се дојде до вистинската комбинација? Тука би требало да се има основно познавање на кругот на бои и нивните основни поделби. Сите бои се делат на примарни, секундарни и терцијарни, потоа на топли и ладни и на крај на темни и светли. Секоја од нив може да послужи за постигање на одреден ефект и прикривање на некои недостатоци на просторот. Така на пример краток и мрачен простор визуелно ќе се прошири со ладна боја како сината и ке допринесе за осветлување на просторот.
Кога ги набљудуваме боите наредени во круг со прецизни математички методи можеме да дојдеме до бои кои добро се сложуваат во просторот. Ако замислиме рамностран триаголник во кругот, добиваме тријадни бои.
Тријадите
се бои подеднакво одалечени во кружната
палета на бои. Во кругот од 12 бои тоа е
секоја четврта нијанса. На тој начин
добиваме 4 различни палети на бои.
• Тријада на
примарни бои:
жолта, црвена и сина
• Тријада на
секундарни бои: зелена,
виолетова и портокалова
• Тријада на
терцијарни бои:
жолто/портокалова, црвена/виолетова и
сино/зелена
• Тријада на
терцијарни бои:
жолто/зелена, црвено/портокалова и
сино/виолетова
Белата и
црната боја се додаваат во овие нијанси
за добивање на посветли или потемни
нијанси.
Вкусно избалансирано шаренило во вашиот простор
Боите се исклучително моќна алатка за постигнување на одреден амбиент во ентериерот. Со комбинирање на боите по принципот на тријадите добиваме разиграни, весели простории кои се најсоодветни за детските соби. Тријада која ја сочинуваат топли бои е премногу интензивна и може да предизвика чувство на непријатност во просторијата доколку сите бои се подеднакво застапени. Разограноста и интензивноста можеме да ја смириме така што една боја ќе ја употребиме како доминантна, а останатите две како секундарна и акцентна. Едноставно го поставуваме едното теме на триаголникот во омилената или саканата боја, а останатите две темиња ке ни ги дадат останатите две бои со кои ќе добиеме идеална слика на нашиот ентериер. Покрај тоа, постојат уште важни детали на кои би требало да обрнеме внимание при одбирање на нијансата. Покрај саканиот амбиент, тука се и намената, осветленоста, димензиите, ориентираноста... Уредувањето на просторот може да биде многу стресна работа. Толку многу работи треба да се знаат и што е поважно, и да се применат. Освен тоа на пазарот постојат многу произведувачи на материјали за декорирање, како да се избере квалитетен и да е во склад со желбите и можностите. Ние ви предлагаме да побарате стручен тим кој покрај материјалите изработени по современа технологија, располагаат со вистинско знаење и повеќегодишно искуство, во потполност да ги реализираат вашите замисли.















