Во приказната со бои и начините на нивното вклопување се тргнува од кругот во кој се распоредени 12 бои - 3 основни, 3 секундарни и 6 терцијарни. Боите од спектарот можат да бидат топли, ладни, темни и светли. Во кругот нема неутрални бои како што се бела, црна, сива, беж и кафеава. Боите во кругот се наоѓаат во меѓусебен однос, а на основа на тие односи настанати се различните начини на нивното вклопување. Една од едноставните шеми за комбинирање на бои е комплементарната или контрасната шема. По овој принцип во просторот се комбинираат две бои кои стојат една наспроти друга во кругот на боите. Тие две бои се во природен склад, па природно се надополнуваат и истакнуваат, како црвената и зелената, жолтата и виолетовата, сината и портокаловата.
Искористете ја динамиката на контрастот во ентериерот
Резултатот којшто се добива со комбинирање на две спротивни бои може да биде многу интересен. На овој начин всушност доаѓа до спојување на топли и ладни тонови, со што се постигнува исклучителна разиграност и динамика во просторот. Сепак, би требало да се користат дозирано, па во зависност од саканиот ефект едната боја да се постави како доминантна, а другата како акцентна. Најчесто за основна се зема ладната, со послаб интензитет, а топлата за деталите. Со комплементарните бои полесно може да се привлече внимание и да се нагласи одреден сегмент или детал во дизанјнот на ентериерот.
Доколку се користат два чисти тона, комбинациите се силни вибрации, боите “вриштат” од самите ѕидови и се добива чувство на нелагодност. Така на пример со комбинација на црвената и зелената создавате интензивна атмосфера, како новогодишните празници да немаат крај.
Поради силината, дизајнерите секогаш се одлучуваат за комбинирање на пригушени нијанси со кои се создава значително попријатен амбиент. Постојат неограничен број на разновидни мешавини на нијанси и тонови со додавање на бела, односно црна боја во нив.
Помалку изразен контраст може да се создаде и со комбинација на раздвоени комплементарни бои. Нив ги сочинуваат една основна и две (аналогни) спротивни на неа бои. Со вакво вклопување на нијанси полесно се постигнува визуелниот баланс и хармоничниот амбиент, а неутралноста го смирува просторот. Комплементарната шема на вклопување на бои е применлива во секој простор, посебно во детските соби, во дневни и во трпезарии. Контрасните бои во просторот се дополнуаат, но кога ќе се измешаат тие се неутрализираат. Мешавина на било кои две комплементарни нијанси е неутрална. Бескрајниот број на комбинации кај контрасните бои може делува збунувачки, поготово за неодлучните. Тоа значи и дека имате неограничени можности за грешки. Поради тоа најсигурен избор во овој случај е професионална екипа со проверени, квалитетни материјали и бои. А ваше е тогаш само да уживате во пријатниот колорит на својот дом или канцеларија.















