Дури 75% од тинејџерите ја наведуваат виолетовата како омилена боја. Таа и била омилена боја и на египетската кралица Клеопатра. Инспирација во неа нашол и познатиот композитор Ричард Вагнер, кој своите опери ги компонирал во виолетова соба. Денеска се смета за масонска и кралевска боја која симболизира престиж, моќ, амбиција, богатство и екстраваганција. Виолетовата се врзува и за мудрост, достоинство, креативност, магија и таинственост. Потесно е поврзана со спиритуализмот, па затоа се препорачува просторот за медитирање да биде во виолетови тонови.
Психологијата на бои вели дека виолетовата има исклучително позитивно влијание на развивање на имагинацијата кај децата од најраната возраст, па затоа најчесто се употребува за декорирање на детските соби и производите за деца воопшто.
Виолетовата е единствена уште по нешто: како ниедна друга боја таа може да стане ладна или топла, а сето тоа зависи од присуството на сината или црвената во неа. Оваа интересна боја може да стане и интензивна и вибрирачка или пастелна и неутрална, а тоа значи дека со виолетовата можете да креирате различни ефекти во ентериерот. Продуховен и посмирен или потопол и поенергичен амбиент, тоа се може да се постигне со комбинирање на виолетовите тонови. И на крај, виолетовите нијанси можат да се вклопат меѓусебно. Сето оваа ја прави омилена боја на многу дизајнери и стилисти.
Непишани правила за виолетовите ѕидови
Виолетовата боја е соодветен избор за простории за секаква намена, од спални соби, преку дневни соби па до бањите и работните простории. По Feng Shui виолетовата има силна енергија, па би требало дозирано да се користи, посебно полните тонови.
Едно од непишаните правила за виолетовата боја на ѕидовите исто е и како за златните тонови - повеќе од овие бои е знак на невкус и кич. Затоа најдобро е да се посоветувате и работата околу декорирањето да му го препуштите на професионален тим. Доколку не сакате да погрешите со виолетовата, користете ја за истакнување и акцентирање на детали. Тоа воопшто не значи дека целиот простор не може да стане обоен со виолетова како доминантна боја. Но, тогаш ќе треба да се одлучите за бледи форми, како што се боја на јоргован или зумбул. Богати нијанси на виолетова како што е бојата на грозјето или слива најдобро е да се употреби само на еден ѕид. Бањата е идеална просторија за креативно поигрување на сите нијанси на виолетова боја, и ќе можете да ги комбинирате светлите со нејзините интензивни тонови. Елегантен и луксузен ефект може да се постигне со комбинирање на виолетова со црна, додека потполно луксузно изгледа со енергичната црвена. Сатен бела боја со светли нијанси на виолетова е совршен предлог за стилизирање на женските детски соби. Топол и мек изглед, со призвук на женски принципи има ентериер декориран со виолетови тонови со додаток на нежно зелени и розови нијанси.
Уште еден факт кој ја прави оваа боја поинтересна. Виолетовата и жолтата боја меѓусебно се поништуваат, неутрализираат. Кога ќе се измешаат се добива неутрална, светлобела боја. Пробајте ја.
Ви
предлагаме да пробате уште нешто.
Ако
и вие сакате кралска боја во вашиот
простор, погледајте ги Максима виолетовите
нијанси и искористете ја нашата апликација
за виртуелно декорирање на ѕидни површини
во различни простории. Модерната
технологија ви нуди можност со едно
upload-ирање
на сликата од просторот кој сакате да
го стилизирате, да комбинирате најразлични
тонови од широката палета на Максима
бои се додека на ја пронајдете својата
добитна виолетова комбинација.