Огромен број на нијанси, безброј начини да ги искомбинираме и голем избор на произведувачи на пазарот на боја за декорирање на ентериери нам вооошто не ни ја олеснува работата. А кога ке ги избереме боите со кои ќе го создадеме саканиот амбиент, ни останува уште еден важен елемент на кој мораме да обрнеме внимание - степен на сјајност на бојата. Нивото на сјај на бојата има големо влијание на перцепцијата на самата боја но и на нејзината употреба. Степенот на сјај на бојата не само што го одредува визуелното делување на ѕидната површина, туку и истата ја прави поотпорна на надворешните влијанија. Сјајот ја зголемува издржливоста на бојата на механичко оштетување и влага. Повеќе сјај, истотака, ја прават бојата посветла и со побогат интензитет, во однос на нијансата со помалку или без сјај. Но, би требало да се биде внимателен со изборот бидејќи боите со висок сјај ги истакнуваат и сите несовршености и дефекти на ѕидните површини.
Сите бои воглавно се произведуваат во 4 степени на сјајност, а кој степен да се избере зависи од функцијата на просторот кој се декорира.
4 нивоа на сјајност во простории со разични намени
Мат боите - имат најмал одсјај или воопшто го немаат
зависно од произведувачот. Идеални се
за прикривање на помали недостатоци на
ѕидовите, но се помалку трајни и потешки
за одржување од боите со повисок степен
на сјајност. Истотака, со мат боите
самите грешки при боењето се помалку
воочливи. Делуваат исклучително пријатно
и благородно во просторот и се препорачуваат
за тавани и простории каде престојуваат
помалку луѓе. Мат боите се добар избор
за спални и дневни соби и за трпезарии.
Полусјајни
(полумат) бои - се бои кои рефлектираат
елегантен и мек сјај со послаб интензитет.
Постабилни се од мат боите и полесно се
одржуваат. Се препорачуваат за фрекфентни
простории, изложени на влажност кои
бараат почесто чистење. Полусјајните
бои одлично се покажаа во кујни, купатила,
детски соби, ходници и на врати од
ормари, разни други ормарски и кујнски
елементи.
Сјајни бои - тоа се бои со високо рефлектирачки
одсјај, многу се издржливи и постојани,
лесни за чистење и одржување. Сјајните
бои можат да нагласат некој недостаток
на површините. Се користат во фрекфентни
простории, во простории за дневен престој
и се добар избор за простории кои мораат
да бидат често исчистени - детски соби,
ходници, кујни, канцелариски и други
работни простории, угостителски објекти,
врати...
Бои со висок
сјај (сатен) - овие бои даваат исклучително
сјаен, светол изглед, како стакло. Многу
се постојани, отпорни на оштетувања и
најлесни за одржување. Рефлектираат
најмногу светлина во просторот, па и
сите несовршености на површините лесно
се воочуваат. Една од маните на
високосјајните тонови е што при повторно
нанесување новиот слој на боја многу
тешко се нанесува. Боите со најголем
степен на сјај се препорачуваат за
високофрекфентни простории, простории
во кои живеат миленичиња, простории
наменети за деца, врати , ходници...
Во индустријата
не е прецизиран стандардот за процент
на сјајност кај боите, па неретко она
што е за еден произведувач сатен, кај
некој друг произведувач би било полусјај.
Покрај ова, ке се сретнете и со називи
како на пример сомот (velvet)
или лушпа од јајце
(eggshell) за
бои со нешто повисок сјај од мат нијансите
и бисер (pearl) за
високосјајните нијанси.
И на крај, секогаш би требало да имаме на ум дека во пракса иста боја со различен степен на сјајност делува потполно различна на ѕидот. Разновидни ефекти можеме да добиеме и ако иста нијанса ја нанесуваме на ѕидни површини со различни текстури.