Мистика и елеганција на црната боја во ентериерот

Црната боја е НЕ боја која не рефлектира ниеден дел од спектарот, туку го впива целиот спектар во себе и затоа ја доживуваме како исклучително темна боја. Може да се каже и дека сите други бои никнуваат од црната. Покрај црната сите останати бои делуваат значително посветло и таа им е идеална спротивност.

За многу уметници и дизајнери црната е кралица на боите.

Црната одсекогаш се врзувала за мистерии, опасност, но и софистицираност и елеганција, гламур и луксуз. Во психологијата на боите црната е боја на авторитет и моќ, на емотивна стабилност и сигурност. Буди многу силни емоции. Црната ја потикнува самодовербата и дава сила. Се смета за озбилна и формална, а често се користи во работниот простор бидејќи асоцира на престиж.

Од друга страна, црната е и боја на автентичност и бунт. Таа е и боја на темната ноќ, на бескрајниот универзум и мистично длабоките води. По Feng Shui таа вибрира со енергија на моќта и заштитата. Црниот ѕид претставува вистински предизвик при декорирање на ентериерот. Потребна е доза на храброст и добро познавање на карактеристиките на боите и материјалите и црната боја може одлично да изгледа во големи и мали простории. Со внимателна и стручна примена ќе се избегнат сите несакани ефекти, бидејќи црната боја може многу лесно да го загуши просторот.

Црната боја на ѕидните површини

Црната дава длабочина, сила и дефиниција на секој простор. Никако не би требало да се откажеме од оваа боја при декорирањето иаку може да предизвика чувство на тежина ако не се дозира правилно. Црната секако не е препорачлива како доминантна боја, но во поголем дел може да послужи за впечатливите детали. Единствено детските соби се место кај црната боја не е пожелна, посебно за мали деца.

Идеална просторија кај може да се искористат предностите на црната боја е купатилото. Со професионално комбинирање на црната со другите бои секое купатило може да стане елегантно и модерно стилизирано. Црните тонови се многу погодни за кујни, a нарочно за кујнските елементи. За потполн ефект и дополнителна свежина, декоратерите предлагаат специјални сјајни премази. Спалната соба е совршено место за комбинација на црната со друготе бои. Црната, како синоним за елеганција најдобро е да се комбинира со светли бои како белата , розевата, жолтата...

Весела и разиграна жолта во контраст со мирната и длабока црна е комбинација која често ја гледате на насловните страни од модерните списанија за уредување на ентериерот. Тоа е сигурен спој со кој неможе да се згреши. Слично е со силната и жива пинк нијанса која заедно со црната делува многу симпатично и младешки.

Портокаловата и интензивната црвена на црна подлога можат да делуваат нападно и агресивно, па би требало да се биде посебно внимателен со ваквите комбинации. Доколку сте во недоумие, црно-белата комбинација е вонвременска и ви остава доволно простор креативно да ги искористите деталите. При декорирање на просторот, правилниот избор на бојата е половина од успехот. Другата половина ја сочинуваат квалитетните материјали на пазарот од докажани произведувачи и професионалните екипи кои ке знаат да ги претворат во ремек дело на вашиот ѕид. Ние ви даваме можност да бидете виртуелни дизајнери и со помош на апликации да ги испробате омилените комбинации на црната и другите Максима бои и се тоа на ѕидни површини од различни простории како и на слика од вашата соба која сакате да ја стилизирате.





Други совети

Подразбирлив алтернативен текст

Од напуштена фабрика до инспирација

Неретко, сликарските уметнички дела се сметаат како елитистички, недостапни скапоцености кои се прикажуваат во галери...

DOWNLOAD CENTAR.jpg

Уметност на ѕидот

Повеќето искусни молери ќе ви кажат слично-дека фарбањето или молерисувањето за нив е многу повеќе од само премачкува...

pigmenti11.jpg

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Без боја нема убавина и боите зборуваат на сите јазици, повеќето од нас се согласуваат со овие изјави. Сите имаме нек...

BRAON BOJA.jpg

Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и ...

Кафеавата боја спаѓа во група на неутрални секундарни бои која се добива со мешање на црвена, зелена и сина боја (сов...

bojanka.jpg

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

Боенките за деца секогаш биле ефикасна алатка за родителите, за да го преокупираат вниманието на децата и да добијат ...

50 NIJANSI SIVE.jpg

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

Сивата е неутрална бојa, боја на компромиси. Се создава со мешање на бела и црна боја, две таканаречени НЕбои. Токму ...

TOPLE I HLADNE BOJE.jpg

Топли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Веројатно досега сте се сретнале со поделбата на боите на топли и ладни. Можеби и знаете кои бои припаѓаат на топлите...

ŽUTA BOJA.jpg

Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимиз...

Жолтата боја е боја на сонцето, сјајот и ведрината. Таа е најстимулативна од сите бои кои човечкото око прво ја ...