Монохроматска шема за комбинирање на бои - иста боја во повеќе тонови

Боите се исклучително моќна и најмногу користена алатка при дизајнирањето, а посебно во уредувањето на ентериерите.

Премалку боја и просторот делува досадно и еднолично. Премногу бои и посетителите забрзано ќе ја напуштаат просторијата “нападнати” од хаотичното шаренило. Визуелниот баланс и хармонија е она кон што тежи една колоритна композиција. Но, како да се постигнат во ентериерот?

Сета магија за добитна комбинација на бојата тргнува од кружната палета со 12 бои. Тука се 3 основни, 3 секундарни и 6 терцијарни бои сместени во кружница по одреден редослед. Уште на школо не научија дека боите можат да бидат топли и ладни и темни и светли.

На прв поглед гледаме дека во кругот нема црна и бела, бидејќи тоа се бои кои ги нема во сончевиот спектар. Нема ни сива која се добива со нивно мешање. Тоа се т.н ахроматски, или неутрални бои. Секоја група и секоја боја поединечно можат да послужат за постигање на одреден ефект, за истакнување на предностите или покривање на одредени недостатоци во просторот.

Користејќи го кругот на бои како основа, познавајќи ги нивните карактеристики и нивните меѓусебни врски, може да се дојде до успешна комбинација на нијанси на ѕидните површини. Во дизајнирањето постојат неколку математички прецизни шеми за комбинирање на бои кои проверено даваат пријатен и избалансиран ефект во просторот. Комбинирање на боите со монохроматската шема е наједноставната од сите, се користи само една боја поновувајќи ја со различен интензитет и светлина.

Многуте лица на една боја на вашиот ѕид

Колор принципот кој вклучува само една боја во различни варијации на заситување и осветлување е т.н. монохроматска шема за вклопување на бои во ентериерите. Иаку во основа се употреба само една боја, овој начин на комбинирање на боите може да биде исклучително интересен и разновиден. За да се одбегне монотонијата, се предлага користење на контраст. Најизразен контраст меѓу боите имаат црната и белата боја. Со додавање на овие бои во било кој друг тон се добиваат различни нијанси, всушност нивните темни и светли нијанси. Треба да се има во предвид и на тоа колку некоја боја делува светло или темно влијаат и боите со кои е опкружена. Монохроматската шема на комбинирање на нијанси може многу успешно да се искористи при стилизирање на било кој простор, станбен или деловен. Сепак, најчесто оваа шема се користи за стилизирање на дневни и спални соби. Потребно е само да се употреби соодветната боја која е во скалд со амбиентот кој сакаме да го постигнеме. При бирање на бојата би требало да се има на ум и дека бојата има огромно психофизичко влијание на човекот. Така топлите бои се идеални за поголеми простории, северно ориентирани и ним им даваат поинтимен и помек изглед. Ладните бои визуелно го шират просторот и предизвикуваат чувство на смиреност. Ако земеме зелена боја, и искомбинираме неколку нејзини посветли и потемни нијанси ќе добиеме провокативен а истовремено и релаксирачки амбиент. Едноличноста можеме да ја избегнеме и ако бојата ја нанесуваме на ѕидови со различни текстури. Така и со монохроматскиот принцип на комбинирање можеме да создадеме силни и драматични ефекти во просториите. Доколку и понатаму комбинирањето на боите ви делува компликувано и не би да ризикувате со крајниот резултат, најдобро е да се обратите на професионалците. Со употреба на квалитетни материјали и стручно изведување на работите, без многу стрес и вие можете да имате ентериер како од насловните страници на списанијата.





Други совети

Подразбирлив алтернативен текст

Од напуштена фабрика до инспирација

Неретко, сликарските уметнички дела се сметаат како елитистички, недостапни скапоцености кои се прикажуваат во галери...

DOWNLOAD CENTAR.jpg

Уметност на ѕидот

Повеќето искусни молери ќе ви кажат слично-дека фарбањето или молерисувањето за нив е многу повеќе од само премачкува...

pigmenti11.jpg

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Без боја нема убавина и боите зборуваат на сите јазици, повеќето од нас се согласуваат со овие изјави. Сите имаме нек...

BRAON BOJA.jpg

Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и ...

Кафеавата боја спаѓа во група на неутрални секундарни бои која се добива со мешање на црвена, зелена и сина боја (сов...

bojanka.jpg

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

Боенките за деца секогаш биле ефикасна алатка за родителите, за да го преокупираат вниманието на децата и да добијат ...

50 NIJANSI SIVE.jpg

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

Сивата е неутрална бојa, боја на компромиси. Се создава со мешање на бела и црна боја, две таканаречени НЕбои. Токму ...

TOPLE I HLADNE BOJE.jpg

Топли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Веројатно досега сте се сретнале со поделбата на боите на топли и ладни. Можеби и знаете кои бои припаѓаат на топлите...

ŽUTA BOJA.jpg

Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимиз...

Жолтата боја е боја на сонцето, сјајот и ведрината. Таа е најстимулативна од сите бои кои човечкото око прво ја ...