1920-x-400.jpg1920-x-400.jpg

Од напуштена фабрика до инспирација

Неретко, сликарските уметнички дела се сметаат како елитистички, недостапни скапоцености кои се прикажуваат во галериите и музеите. Сепак, како и на се друго, и на ова може да се гледа од друг агол.

Неконвенционални уметнички галерии може да има било каде, а инспирација за визуелниот уметник може да биде апсолутно се што го опкружува. Доказ за тоа е и сочното парче лубеница кое се појави на еден од бетонските ѕидови на една трошна фабрика за станови, која се наоѓа во близина на Подгорица.
Напуштените индустриски објекти, фабриките, магацините, касарните...стојат немо околу нас и сведочат за економските идеали на едно минато време. Овие сосема обични места, времето навистина ги има обликувано во нешто необично. Препуштени на природата и дивината, на пропаста и на неколку случајни минувачи, најчесто се осудени на исчезнување. За повеќето луѓе тие се тажни, мрачни рушевини кои ја нарушуваат убавината и безбедноста на некоја област.

Меѓутоа, уметниците го гледаат светот на поинаков начин, а доколку тоа што го гледаат не им се допаѓа, ја користат својата дарба да го изменат, разубават и да му дадат нова смисла.
MAXIMA е секогаш тука, со своите бои и материјали, да ја подржи секоја креативна идеја.

Боите говорат погласно од зборовите

Старите и напуштени индустриски објекти се почесто стануваат игралишта за инспирацијата на визуелните уметници. На нив се појавуваат оригинални уметнички дела, еден вид на идеализирана, а и секако, интересна визија на реалноста.
На 10 километри од Подгорица, во Спуж, се наоѓа напуштена фабрика за станови. Високите бетонски ѕидови со децении ги чуваат спомените на еден од економските гиганти од стара Југославија и претставуваат идеална сценографија за филм од научна фантастика.

Шетајќи покрај неа, визуелниот уметник Мишо Јоксиќ, кој исто така и живее во близина, видел нешто друго. А бидејќи за уметникот не постои невозможно и необично, наскоро бетонскиот помошен објект, кој се наоѓа во полето во близина, го претворил во парче кашкавал Трапист. После тоа, на еден од безживотните ѕидови на фабриката се појавило и парче лубеница. Целиот процес е спакуван во интересен видео запис во соработка со Матија Митровиќ, Ана Божовиќ и Иван Кнежевиќ, кој го режираше овој видео запис.

Нас не интересираше зошто се одлучил на овој вид на уметничко изразување и која е нивната цел?

„Не знам зошто, можеби затоа што е невозможно сред поле да стои коцка кашкавал. На неколку стотини метри подалеку, да се појави голема лубеница. Мислам дека некаде во позадина на мозокот ми беше Клаес Олденбург и неговите огромни скулптури. Од тогаш се повеќе размислувам во насока да, од вообичаените употребени објекти направам нешто необично и да им дадам сосема нова смисла, со боја тоа да го материјализирам и оживеам“.
На двата проекти, Мишо работеше со материјали и бои на Maxima. Тој има да го каже ова за соработката со нашата компанија.
„Во план се и понатамошни проекти со Maxima и мило ми е што станува фирма која и помага уметноста и на уметниците да се афирмираат, и дека не ја користат уметноста единствено како реклама и за претставување на својот производ“.

Кој е Мишо Јоксиќ?

Црногорскиот уметник Мишо Јоксиќ е роден во Добој, БиХ. Дипломира графички дизајн на ФЛУ во Цетиње и живее и работи во Подгорица. Се занимава со сликање на мурали, простории, локали, сликање и илустрација. Го даде својот уметнички допринос со сликање на Тврдината Шпањола, а некои од најпознатите мурали во Подгорица се негово дело.


Други совети

Уметност на ѕидотУметност на ѕидот

Уметност на ѕидот

Повеќето искусни молери ќе ви кажат слично-дека фарбањето или молерисувањето за нив е многу повеќе од само премачкува...

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Без боја нема убавина и боите зборуваат на сите јазици, повеќето од нас се согласуваат со овие изјави. Сите имаме нек...

Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и топлината на земјатаКафејава боја - облагородете го просторот со силата и топлината на земјата

Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и ...

Кафеавата боја спаѓа во група на неутрални секундарни бои која се добива со мешање на црвена, зелена и сина боја (сов...

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативциMAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

Боенките за деца секогаш биле ефикасна алатка за родителите, за да го преокупираат вниманието на децата и да добијат ...

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

Сивата е неутрална бојa, боја на компромиси. Се создава со мешање на бела и црна боја, две таканаречени НЕбои. Токму ...

Топли и ладни нијанси на боите во ентериеротТопли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Топли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Веројатно досега сте се сретнале со поделбата на боите на топли и ладни. Можеби и знаете кои бои припаѓаат на топлите...

Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимизамЖолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимизам

Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимиз...

Жолтата боја е боја на сонцето, сјајот и ведрината. Таа е најстимулативна од сите бои кои човечкото око прво ја ...

Зелена боја - обојте го вашиот простор со природатаЗелена боја - обојте го вашиот простор со природата

Зелена боја - обојте го вашиот простор со природата

Ентериеристите напросто ја обожаваат зелената боја. Еве и зошто... Зелената боја е неутрална и се сложува со ско...