Еве што науката вели за сината боја: Сината е најчесто користена боја во светот во уметноста и дизајнот, додека во пошироката популација важи за машка боја. Исто така, таа е доминантна корпоративна боја, затоа што асоцира на стабилност, стручност, знаење, интелигенција и лојалност (нпр. Siemens и Facebook). Сината боја припаѓа на основните, ладни бои и подсетува на вода и небо. Светло сини нијанси потсетуваат на здравје, мир и разбирање. Темно сините тонови претставуваат моќ, знаење, интегритет и сериозност. Најчесто ја карактеризираат како боја што опушта и боја на среденост, така да најчесто се употребува за постигање на мир и спокојство.
Употребете ја сината и визуелно ке го зголемите вашиот простор
Енергијата која ја емитуваат најголем број на сини нијанси е доста смирувачка. Оваа боја го смалува крвниот притисок, го успорува работењето на срцето и дишењето. Затоа сината е совршен избор за спалните соби, бањи и сите простории кои служат за одмор и медитација. Сината боја го смирува мозокот, поттикнува на креативност и учење, така да ентериеристите највеќе ја препорачуваат за канцелариски и деловен простор.
За простории во кои се планира повеќе активност, како што е дневната соба или кујната, сината не е добро решение, затоа што може да се чувствувате успорено, па дури и депресивно. Занимливо е тоа дека сината боја влијае на смалување на апетитот. Се претпоставува дека причина за тоа е дека во природата не постои сина храна. Напротив, сината боја на храната не предупредува дека храната е отровна или расипана, па затоа луѓето ја избегнуваат. Затоа нутриционистите им препорачуваат на луѓето што се на диета да јадат од сини чинии и така да внесуваат помалку храна.
Сината е совршен избор за тесни простори со мали димензии, затоа што како и сите ладни бои визуелно го проширува и зголемува просторот. Со тоа може да се допринесе да изгледа дека во просторијата има пониска температура, па дури и влијае на смалување на температурата.
Ова сигурно не сте го знаеле за сината боја
Сината боја се сретнува во различни нијанси, а имињата најчесто им ги давале Французите. Така да кога ќе речете сина вие кажувате азурно сина, индиго сина, морско сина, ноќно сина, небо сина, паун сина, кобалтно сина, патинасто сина, тиркизна... Доколку се занимавате со дигање на тегови, докажано е дека ќе дигате повеќе килограми доколку просторијата е обоена во сина боја.
Истражувањата покажале дека комарците ја обожаваат сината боја и двапати повеќе ги „посетуваат“ просториите во овие тонови. Бувот е единствената птица кој ја гледа сината боја.
Дали ве интересира како некоја од сините нијанси ќе изгледа на ѕидот на одредена просторија? Или пак во комбинација со некоја друга боја? Сега со помош на нашата апликација и малку сопствена фантазија го можете сето тоа, па дури и повеќе... Фотографирајте ја просторијата која ќе сакате да ја декорирате и со помош на богатата палета на Максима бои создадете своја совршена комбинација.















