Топли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Веројатно досега сте се сретнале со поделбата на боите на топли и ладни. Можеби и знаете кои бои припаѓаат на топлите а кои на ладните нијанси. Повеќето од нас тоа го учеле на училиште.
Но што точно тоа значи за Вас? И, како тоа најдобро да го искористиме при декорирање на некоја просторија?
Еве го одговорот.

Кога ги набљудуваме боите, забележуваме дека тие се разликуваат и тоа на неколку начина. Некои од нив асоцираат на светлост, сонце, топлина и тоа се топлите бои. Нив ги сочинуваат жолтата, црвената и портокаловата боја. Црвената боја е најтоплата боја во спектарот, таа е енергична, интензивна и привлекува внимание. Најголемиот број на дизајнери ќе ви речат дека топли се нијансите кои во себе содржат голем процент на жолта и црвена. Топлите бои во природата или ентериерот создаваат впечаток дека се приближуваат кон набљудувачот.

Од другата страна се боите кои подсетуваат на вода, небо и мир. Тоа се сината, зелената и светлите нијанси на виолетовата (лаванда и јоргован). Крајно поедноставено, секоја боја која во себе содржи сина е ладна боја. Потемните нијанси на виолетовата, со голем удел на црвената боја имаат повеќе карактеристики на топлите нијанси. Впрочем, секоја топла боја може да има поладен изглед и послаб интензитет доколку во неа се додаде бела. Со набљудување на ѕидовите или слики на кои доминираат ладни бои се добива впечаток дека тие се одалечуваат од нас. Постојат и неутрални бои кои не можеме да ги групираме ниту во една од овие групи, а тоа се белата и црната, беж,сивата и кафеавата.

Топло или ладно - клучот е во избалансираноста

Дизајнерите често ги користат карактеристиките на топлите или ладните бои како би создале соодветен амбиент во просторот. Исто така, доброто познавање на карактеристиките на боите може да помогне да се надоместат некои недостатоци во просторијата, а да се истакнат одредени предности. Затоа, доколку планирате уредување на станбениот или работниот простор, најдобро е да се обратите на професионална екипа. Тоа воедно е и гаранција дека со квалитетните материјали и стручно-практичното знаење ќе добиете потполна хармонија помеѓу вашите желби, потреби и можности. Сепак, нема да шкоди и сами да знаете неколку основни правила за употребата на топлите и ладните нијанси на ѕидните површини. Најважно што би требало да се запамети е дека во ниедна просторија не смеат да бидат исклучиво топли или ладни нијанси. . Секогаш треба да ги комбинирате и тоа во зависност од ефектот кој сакате да го добиете. Како и во сите елементи при декорирањето потребно е да се има баланс или контраст.

За потопла и поинтимна атмосфера ке допринесат топли бои како доминантни во ентериерот. Топлите нијанси се погодни и за поголеми простории, кои визуелно ќе ја намалат просторијата и ќе ја направат попријатна. Овие бои се идеални за просториите во кои недостасува природна светлост и кои се северно ориентирани. Често се сретнуваат во трпезариите, кујните и дневните соби. Ладните тонови помалите простории визуелно ги зголемуваат, а сончевите и топли простории, поладни, помирни и пријатни за живеење. Ладните нијанси ќе го дадат потребниот мир на просториите неменети за одмор, како спалните соби. Се препорачува и за ентериери кои гледаат на јужната страна.

На крај, и не е толку важно дали ќе изберете една доминантна боја, а деталите во друга или се ќе пука од експлозија на колоритот. Не е битно ни по која шема ги вклопувате боите. Крајна цел е да постигнете хармонија и добар ритам помеѓу боите кои одговараат на вашиот вкус и темперамент и да добиете простор во кој ке се чувствувате пријатно.





Други совети

Подразбирлив алтернативен текст

Од напуштена фабрика до инспирација

Неретко, сликарските уметнички дела се сметаат како елитистички, недостапни скапоцености кои се прикажуваат во галери...

DOWNLOAD CENTAR.jpg

Уметност на ѕидот

Повеќето искусни молери ќе ви кажат слично-дека фарбањето или молерисувањето за нив е многу повеќе од само премачкува...

pigmenti11.jpg

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Без боја нема убавина и боите зборуваат на сите јазици, повеќето од нас се согласуваат со овие изјави. Сите имаме нек...

BRAON BOJA.jpg

Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и ...

Кафеавата боја спаѓа во група на неутрални секундарни бои која се добива со мешање на црвена, зелена и сина боја (сов...

bojanka.jpg

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

Боенките за деца секогаш биле ефикасна алатка за родителите, за да го преокупираат вниманието на децата и да добијат ...

50 NIJANSI SIVE.jpg

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

Сивата е неутрална бојa, боја на компромиси. Се создава со мешање на бела и црна боја, две таканаречени НЕбои. Токму ...

ŽUTA BOJA.jpg

Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимиз...

Жолтата боја е боја на сонцето, сјајот и ведрината. Таа е најстимулативна од сите бои кои човечкото око прво ја ...

ZELENA BOJA.jpg

Зелена боја - обојте го вашиот простор со природата

Ентериеристите напросто ја обожаваат зелената боја. Еве и зошто... Зелената боја е неутрална и се сложува со ско...