Црвена боја - дадете му на вашиот простор впечатлив карактер

Можете да ја сакате или не, но сепак е сигурно - црвената боја нема да ве остави рамнодушни. Црвената е најтемпераментна боја која буди силни чувства и расположенија. Таа е топла, огнена, смела, драматична и инетресна и секогаш предизвикува реакција.

При дизајнирање на ентериерот се употребува како споредна, акцентна боја со која нешто се истакнува. Исто така, црвената е совршен начин за да се остави посебен и траен впечаток.

Во психологија на боите црвената боја симболизира љубов, сила, енергија, богатство, возбудување, брзина, опасност, акција и злоба. Додека темните тонови асоцираат на достоинство и сериозност, светлите нијанси го одржуваат оптимизмот, елегантноста и шармот. Црвената делува силно, потикнува на акција, го забрзува пулсот, дишењето и го поттикнува апетитот. Во уредување на просторот црвената е ретко главна боја и затоа се препорачува да се употребува ограничено со инструкции на професионалните дизајнери. Со неа главно се нагласува одреден дел од просторот или се истакнуваат детали во него, бидејќи може да предизвика несакани ефекти како што се нервозата, раздразливост па дури и главоболка.

Црвени нијанси во ентериерот

Доколку се држите до одредени правила црвената боја може значително да ја подобри енергијата и расположението во одреден простор. Стручните лица препорачуваат со црвена боја да се бојадисуваат ѕидовите на просториите во кои сакаме да се поттикне активност, креативност и продуктивност. Црвената не треба да стане ваш избор доколку планирате одмор, мир и тишина. Не се препорачува за спалните соби затоа што е стимулативна и не е добра за сон. Сепак, понекои детали во помеки нијанси на црвената (никако најчисти тонови) допринесуваат за создавање на романтика, сензуалност и луксуз. Оваа силна боја е одличен начин за постигнување на автентичност особено во трпезариските простории. Многу често нејзината енергичност се пренесува и на дневната соба, со која трпезаријата во повеќето домови е поврзана. Рубин или црвено вино создаваат впечаток на традиционализам и сила, додека топлите тонови како што е цинобер црвената допринесуваат за дополнителна топлина.

Бидејќи стимулативно делува на апетитот, црвената боја е совршена за декорирање на кујни и простории во кои се јаде. Меѓутоа и тука треба да се биде умерен и да се избегне сите ѕидови да не бидат во исти црвени тонови, бидејќи ке се добие впечаток на прекумерна топлина. Најефективно ќе биде ако оваа харизматична боја се употреби за нагласување на детали.

Црвената боја може многу да допринесе во продуктивноста и работната креативност. Затоа дизајнерите на просторот најчесто ја препоручуваат за работните простории, посебно на оние со мали димензии, затоа што придонесува за удобност и комфор. Живи, виталните црвени тонови како на мак или цреша се неизбежен дел од декорот на детските и простории во кои престојуваат тинејџери на кои автентичниот израз им е многу важен.

Црвената ги повикува клиентите на акција

Црвените детали во канцеларијата или некое друго работно опкружување ќе допринесат за продуктивноста во работната атмосфера. Предноста на црвената боја и нејзиното влијание на однесувањето на луѓето многу често ја користат сопствениците на угостителските објекти, ресторани и кујни. Познато е дека црвената ја поттикнува желбата за храна.

Во продавница со црвените тонови може да создадете чувство на итност и да ги поттикнете посетителите повеќе да купуваат. Црвената истакнува и нагласува и притоа „тера“ на акција, односно на шопинг. Роза, кармин, корална, црвено вино или теракота, венецијанска црвена и пурпурна... за некои нијанси сте слушнале, а за некои не сте. За да можете на правилен начин да ги искористите сите предности на оваа боја во вашиот простор, ви предлагаме да контактирате стручни лица. Онаа што ќе можете сами е да ја употребите нашата апликација и својата креативност за да погледнете како некои од нашите црвени тонови ќе изгледаат конкретно на ѕидовите на различни простории и како се вклопуваат со останатите бои.
Посебено задоволство - можете да ја внесете сликата од вашиот простор и да ги испробате сите нијанси на црвена боја и останатите бои од нашата широка понуда.







Други совети

Подразбирлив алтернативен текст

Од напуштена фабрика до инспирација

Неретко, сликарските уметнички дела се сметаат како елитистички, недостапни скапоцености кои се прикажуваат во галери...

DOWNLOAD CENTAR.jpg

Уметност на ѕидот

Повеќето искусни молери ќе ви кажат слично-дека фарбањето или молерисувањето за нив е многу повеќе од само премачкува...

pigmenti11.jpg

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Без боја нема убавина и боите зборуваат на сите јазици, повеќето од нас се согласуваат со овие изјави. Сите имаме нек...

BRAON BOJA.jpg

Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и ...

Кафеавата боја спаѓа во група на неутрални секундарни бои која се добива со мешање на црвена, зелена и сина боја (сов...

bojanka.jpg

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

Боенките за деца секогаш биле ефикасна алатка за родителите, за да го преокупираат вниманието на децата и да добијат ...

50 NIJANSI SIVE.jpg

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

Сивата е неутрална бојa, боја на компромиси. Се создава со мешање на бела и црна боја, две таканаречени НЕбои. Токму ...

TOPLE I HLADNE BOJE.jpg

Топли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Веројатно досега сте се сретнале со поделбата на боите на топли и ладни. Можеби и знаете кои бои припаѓаат на топлите...

ŽUTA BOJA.jpg

Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимиз...

Жолтата боја е боја на сонцето, сјајот и ведрината. Таа е најстимулативна од сите бои кои човечкото око прво ја ...