sir-1920x400.jpgsir-1920x400.jpg

Уметност на ѕидот

Повеќето искусни молери ќе ви кажат слично-дека фарбањето или молерисувањето за нив е многу повеќе од само премачкување на ѕидови или фасади. Некогаш моерајот се сметал за уметност, а молерите за сликари. Креативните вљубеници во својата работа повторно со помош на современите квалитетни бои и материјали овој занат со леснотија го претвораат во применета уметност.

Класичното молерисување и боење на ѕидовите одамна веќе не е во мода. Декоративните бои и материјали создадени се со најсовремена технологија, па со вештите раце на мајсторите на ѕидовите се создава вистинска магија. Ѕидовите и фасадите добиваат занимлива текстура, шаблони и разновидни ефекти. Автентичните креации даваат сосема нов живот на ѕидот. Вашиот животен или работен простор може да се освежи со ѕид кој подсетува на океан, пустинска дина, рустичен антички ѕид, мермер или камен во најралични нијанси на боја. Новите техники постојано се појавуваат, а се чини инспирацијата во нивната употреба нема крај.

За да безличниот сив ѕид стане уметничко дело потребни се квалитетни бои, основен алат и мајстор со уметничка душа за кого секој ѕид е нов креативен предизвик. Секојдневно не радуваат слики и видео материјали испратени од мајстори инспирирани од МАКСИМА програмот на бои, материјали и декоративни техники, ѕидови или фасади претворени во вистински уметнички дела.

Таман кога ќе помислиме дека сме виделе баш се, пријатно ќе не изненади некој нов начин на кој можат да се употребат МАКСИМА боите за внатрешна и надворешна употреба.

Ѕид-сирење, зошто да не?

Дека молерисувањето може да биде многу забавно, ни покажа уметникот од Подгорица, Мишо Јоскиќ. Прекрасна идеја, вешти раце и добри фасадни бои е се што е потребно неугледниот помошен објект да добие потполно нов изглед. МАКСИФАС фасадните бои, четка и ваљак беа сосема доволни за овој креативен мајстор сивата, безживотна и не претерано убавата фасада да ја претвори во парче сочно сирење.

Занает или функционална уметност?
Ние би рекле и едно и друго.
Инспиративно?
Крајно.

Ви предлагаме и сами да пробате. Инспирацијата може да ја најдете секаде наоколу. Природа, интернет, уметност, фантазија... Секој ѕид на тој начин може да стане неповторлив израз на креативност, а самото молерисување чисто уживање. На крајот сите добиваат, а најмногу крајните задоволни корисници кои со радост ќе ве препорачаат. 


МАКСИМА е тука за сите ваши идеи, како и до сега, да ги подржи со широка палета на бои за внатрешни ѕидни површини и фасади и со разновиден програм на декоративни техники. Ги очекуваме вашите слики и видео снимки кои потврдуваат дека молерајот е многу повеќе од занает, а најкреативните ќе бидат објавени на нашиот сајт или на официјалната Фејсбук страна.

Ostali saveti

Подразбирлив алтернативен текст

Од напуштена фабрика до инспирација

Неретко, сликарските уметнички дела се сметаат како елитистички, недостапни скапоцености кои се прикажуваат во галери...

pigmenti11.jpg

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Без боја нема убавина и боите зборуваат на сите јазици, повеќето од нас се согласуваат со овие изјави. Сите имаме нек...

BRAON BOJA.jpg

Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и ...

Кафеавата боја спаѓа во група на неутрални секундарни бои која се добива со мешање на црвена, зелена и сина боја (сов...

bojanka.jpg

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

Боенките за деца секогаш биле ефикасна алатка за родителите, за да го преокупираат вниманието на децата и да добијат ...

50 NIJANSI SIVE.jpg

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

Сивата е неутрална бојa, боја на компромиси. Се создава со мешање на бела и црна боја, две таканаречени НЕбои. Токму ...

TOPLE I HLADNE BOJE.jpg

Топли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Веројатно досега сте се сретнале со поделбата на боите на топли и ладни. Можеби и знаете кои бои припаѓаат на топлите...

ŽUTA BOJA.jpg

Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимиз...

Жолтата боја е боја на сонцето, сјајот и ведрината. Таа е најстимулативна од сите бои кои човечкото око прво ја ...

ZELENA BOJA.jpg

Зелена боја - обојте го вашиот простор со природата

Ентериеристите напросто ја обожаваат зелената боја. Еве и зошто... Зелената боја е неутрална и се сложува со ско...