Бидејќи е една од најсветлите бои, таа рефлектира светлина и го чини секој простор поголем одколку што е. Сепак, доколку белата е доминантна, просторијата може да делува стерилно и безлично. Затоа дизајнерите на ентериерот наместо чисти, снежнобели тонови ви препорачуваат да упоптребите таканаречени валкано бели нијанси. Со тонирање на белата, и со додавање на други бои во неа, се добиваат голем број на интересни тонови на бела боја кои се многу актуелни помеѓу стилистите и архитектите. Најпознати нијанси на белата се слоновата коска (ivory), бисерно белата, сатенасто бела, боја на школка, лен, стара тантела или бебешка пудра... Овие бели бои ке им дадат на секој простор автентичност и спокојство, и сигурно ке ја избегнете сериозноста и вкочанетоста која белата боја може да ги донесе. Белата во ентериерот може подеднакво да се комбинира со топлите и ладните, темните и светлите, интензивните и пастелните тонови. Со секоја комбинација ке добиете простор кој нема да помине незабележан, бидејќи белата е идеална подлога за истакнување на детали.
Класика на поинаков начин
Доколку сакате отворени простории, светли и без премногу елементи, белите нијанси се совршен избор за вашите ѕидови. Сепак, треба да бидете спремни дека на бели и светли површини секоја нерамнина и несовршеност се истакнува за разлика од другите тонови. Оваа донекаде можете да го избегнете доколку користите тонирани, валкани нијанси на белата боја. Валкано белите нијанси се непресушен избор за инспирација на сите креативци кои сакаат да се играат со розлични амбиенти. Тие се секогаш сигурен и непогрешлив избор доколку неможете да се одлучите, бидејќи со белата неможете никогаш да згрешите. Таа одговара на секаков простор, поголем или помал, неутрална е но истовремено и раскошна. Белите нијанси најчесто се употребуваат за плафони, но и тесни малку осветлени ходници.
Доколку
се одлучите целата просторија да ја
обоите во бело и тоа во повеќе нејзини
нијанси, потрудетесе да ги комбинирате
нејзините сродни нијанси. Една од
начестите грешки што се сретнуваат е
мешање на толите со ладните нијанси
(нпр. ванила и ладно бела), затоа што
тогаш топлите тонови изгледаат валкано
во споредба со ладните тонови. Детали
во било која друга боја, темна, силна и
интензивна или нежна и пастелна со
валкано бела основа ке создадат
тродимензиолналнот и личен белег на
секоја површина. Белите тонови добро
поднесуваат голем број на детали, без
просторот да стане пренатрупан и
пренакитен. За
кујните е исклучително модерна и
освежувачка комбинација на валкано
белите нијанси со сините и светло
зелените тонови (фастаци или зелено
јаболко). Бојата
на слоновата коска е многу софистицирана,
внесува нота на спокојство и топлина
во секој простор и многу добро се сложува
со топлите бои како што се кафеавата,
беж и темножолтата. Слоновата коска
дава провидна и пријатна атмосфера, и
затоа ја прави совршен избор за дневните
и спалните соби. Разигран и енергичен
амбиент може да се постигне со комбинирање
на зелените и црвените нијанси. Со
посебен гламур и луксуз зрачат просториите
кои се обоени со слонова коска и црни
елементи.
И на
крај, сите валкано бели нијанси се повеќе
од занимливи, дури и авангардни, на
погруби текстури, како што е ѕид од цигла
или камен. Искористете
ги белите нијанси и створете секогаш
тренди и ин амбиент какао од страниците
на светските списанија. Поиграјте
се со комбинации на белата боја со
останатите Максима тонови користејќи
ја нашата апликација и откријте го
идеалниот дизајн за вашата просторија -
едноставно увезете ја сликата од
просторот кој сакате да го стилизирате
и препуштете се на бескрајната можност
за комбинирање.