Зелена боја - обојте го вашиот простор со природата

Ентериеристите напросто ја обожаваат зелената боја. Еве и зошто... Зелената боја е неутрална и се сложува со скоро сите останати бои. Многу е лесно да се искористи зелената во уредување на просторот и многу тешко можете да згрешите во комбинација со другите тонови.

Доколку се прашувате дали зелената е вистински избор за некој дел од просторот или детал во него, најчест одговор е ДА.

Зелената е симбол на природата, раѓањето, ведрината и здравјето. Таа е боја на мирот и балансот. Го намалува крвниот притисок, го смирува нервниот систем, го ублажува стресот и заморот, а некои истражувања потврдиле дека е ефикасна кај мигрената и исцрпеноста. Просторија обоена со зелена боја повикува на добредојде, делува смирувачки и избалансирано. Совршена е за трпезарии, спални соби и бањи, простории кои служат за релаксација и одмор. Бидејќи зелената ја поттикнува концентрацијата и размислувањето, најчесто е доминантна во работните простории и простории наменети за учење. Зелената припаѓа во групата на ладни бои, па затоа стручните лица препорачуваат како баланс да се употреби и некој детал во топли тонови (црвена и портокалова).

Зелена и други бои во ентериерот

Зелената боја припаѓа во групата на избалансирани бои и во комбинација со останатите бои многу лесно го дава посакуваниот ефект. Постојат неколку проверени комбинации кои ќе ви ги препоручи секое стручно лице за уредување на просторот.

Зелена и црна: добитна комбинација за постигање на луксуз и елеганција, посебно ако употребите некоја од темните нијанси на зелената боја.
Зелена и бела: допринесува за впечаток на свежина и пријатност во просторот, а различните нијанси на зелената ги отвораат вратите на креативноста и на игрите.
Зелена и жолта: одличен избор посебно за детска соба бидејќи асоцираат на младост и виталност.
Зелена и плава: идеално се сложуваат во природата, па ќе се сложат и во вашиот дом, посебно ако сакате просторијата да ја освежите и да и дадете “природен” изглед.
Зелена и црвена: сочувајте го празничниот дух цела година, бидејќи оваа комбинација недвосмислено подсетува на новогодишна атмосфера.
Зелена и кафеава: даваат топлина и чувство на сигурност во просторијата, посебно пријатна комбинација на бои која често може да се сретна и во природата.
Зелена и розе: многу чест спој на наизглед неспоивото. Со додаток на сребрени или златни тонови, се постига дополнителна гламурозност на просторијата.

И ова би требало да го знаете за нијансите на зелената

Зелената не припаѓа на примарните бои туку се добива со мешање на сината и жолтата. Постојат низа на различни нијанси од најсветлите па до темнозелените. Софистициран изглед посебно се постига со нијанси како лист од жалфија и зелеожолтата. Светлозелените ѕидови најдобро ке се надополнат со мебел во светли бои, додека со темните тонови би требало да вклопуваме сини и тиркизни парчиња и детали. Пастелните нијанси на зелената се одлична основа за мебел од природни материјали како што се лен, дрво, прачки, јута... Последниве години вистински хит меѓу дизајнерите е гилфорд зелената, пријатна нијанса која се добива со мешање на кафеавата и сивата боја. Доколку сте поборник на Feng Shui начинот на уредување на просторот, минт зелената е неизбежна во декорирање на кујната. Впечатлива и спектакуларна смарагднозелената е совршена за акцентирање во ентериерот. Блиска е до тиркизнозелените тонови, но ја сметаат за поелегантна и поотмена. Можете да ја тонирате во поизразени или пастелни тонови и така да ја прилагодите на секој простор.

Дефинитивно сте одлучиле дека сакате зелена боја на своите ѕидови. Но која нијанса и како да ја вклопите со останатите бои? Нашата апликација ке ви помогне да дојдете до одговорот. Ослободете ја фантазијата и погледнете како би изгледал вашиот ентериер во најразличните комбинации со МАКСИМА боите. И секако, повикајте стручна екипа сето тоа да го спроведе во дело.





Ostali saveti

Подразбирлив алтернативен текст

Од напуштена фабрика до инспирација

Неретко, сликарските уметнички дела се сметаат како елитистички, недостапни скапоцености кои се прикажуваат во галери...

DOWNLOAD CENTAR.jpg

Уметност на ѕидот

Повеќето искусни молери ќе ви кажат слично-дека фарбањето или молерисувањето за нив е многу повеќе од само премачкува...

pigmenti11.jpg

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Без боја нема убавина и боите зборуваат на сите јазици, повеќето од нас се согласуваат со овие изјави. Сите имаме нек...

BRAON BOJA.jpg

Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и ...

Кафеавата боја спаѓа во група на неутрални секундарни бои која се добива со мешање на црвена, зелена и сина боја (сов...

bojanka.jpg

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

Боенките за деца секогаш биле ефикасна алатка за родителите, за да го преокупираат вниманието на децата и да добијат ...

50 NIJANSI SIVE.jpg

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

Сивата е неутрална бојa, боја на компромиси. Се создава со мешање на бела и црна боја, две таканаречени НЕбои. Токму ...

TOPLE I HLADNE BOJE.jpg

Топли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Веројатно досега сте се сретнале со поделбата на боите на топли и ладни. Можеби и знаете кои бои припаѓаат на топлите...

ŽUTA BOJA.jpg

Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимиз...

Жолтата боја е боја на сонцето, сјајот и ведрината. Таа е најстимулативна од сите бои кои човечкото око прво ја ...