Жолта боја - исполнете го просторот со среќа и оптимизам

Жолтата боја е боја на сонцето, сјајот и ведрината. Таа е најстимулативна од сите бои кои човечкото око прво ја забележува. Затоа во повеќето земји такси возилата и школските автобуси се во жолта боја. Ја каректеризира големата бранова должина, а многумина ке се изненадат од податокот дека жолтата боја е посветла од белата.

Жолтата е „најсреќната“ боја во целиот спектар, зрачи со оптимизам, енергија и привлекува големо внимание. Затоа, жолтата најчесто се користи за акцентирање и истакнување на одредени детали и делови од просторијата. Оваа топла боја симболично се поврзува со сонцето и поттикнува среќа, самодоверба па дури и мудрост. Го забрзува метаболизмот и дишењето, го подигнува крвниот притисок, поттикнува будност и комуникација. Дали некогаш сте се запрашале зошто поштенските сандачиња се во традиционална жолта боја?

Меѓутоа, жолтата боја има и своја негативна страна. Доколку просторијата е презаситена со жолта боја и ако во неа предолго се престојува, може да предизвика фрустрација, страв и бес. Некои тонови на жолтата емитуваат голема количина на светлост па затоа пречат и ги заморуваат очите. На пример најтешко е да се чита на жолта подлога, заради тоа. Истражувањата покажале дека и бебињата најчесто плачат во соби со жолти подлоги. Затоа најдобро е да се посоветува со сручни лица и на нив да им се отстапи изборот на соодветниот тон за соодветната просторија. Исто така, тие ќе знаат дека кога ќе изберат квалитетен материјал со правилна комбинација на жолти нијанси со останатите бои во просторот ќе го постигнат посакуваниот ефект.

Како да ја искористите предноста на жолтата во ентериерот

Бидејќи припаѓа во групата на топли бои, жолтата е совршена за простории кои се свртени на север. Од друга страна динамичноста која ја поттикнува жолтата боја не е погодна за простории кои служата за одмарање и релаксација.

Жолтата не е добар избор за спалните соби, барем не во интензивни нијанси, но затоа е совршена за трпезарии и кујнски простор. Лимонова жолта ке ја направи секоја кујна свежа и чиста. Со употреба на различни нијанси на жолта, можат да се постигнат многу ефекти. Во комбинација со сивата секој простор ќе добие на елеганција. Зелената и жолтата совршено вибрираат со динамика на цветна ливада. Жолтите пастелни тонови делуваат смирувачки и создаваат пријатна мека атмосфера во просторот. Интензивната жолта е совршена за потенцирање и истакнување па затоа е најдобро да се употреби за некои детали. Банана жолтата нијанса најдобро се комбинира со црната, сивата,зелената. Црвената и жолта секогаш асоцираат на глад и предизвикуваат желба за храна. И тогаш сите помислуваме на МcDonald`s. Светлата и пастелно жолтата совршено се вклопуваат со белата, пастелно виолетовата и сината.

Во Јапонија, жолтата боја ја означува храброста. Затоа, погледнете ги сите Максима нијанси на оваа занимлива боја и смело тргнете во комбинирање. За да можеме полесно да ви помогнеме да се одлучите, ви нудиме еден интересен сојузник - модерна апликација.

Играјте се, вклопувајте, и декорирајте ги вашите ѕидови во различните простории... и на крај ви нудиме можност сето тоа да го пробате на вашата сопствена слика на конкретни ѕидни површини кои сакате да ги средите.





Ostali saveti

Подразбирлив алтернативен текст

Од напуштена фабрика до инспирација

Неретко, сликарските уметнички дела се сметаат како елитистички, недостапни скапоцености кои се прикажуваат во галери...

DOWNLOAD CENTAR.jpg

Уметност на ѕидот

Повеќето искусни молери ќе ви кажат слично-дека фарбањето или молерисувањето за нив е многу повеќе од само премачкува...

pigmenti11.jpg

Пигменти во боите за ѕидови (тонери)

Без боја нема убавина и боите зборуваат на сите јазици, повеќето од нас се согласуваат со овие изјави. Сите имаме нек...

BRAON BOJA.jpg

Кафејава боја - облагородете го просторот со силата и ...

Кафеавата боја спаѓа во група на неутрални секундарни бои која се добива со мешање на црвена, зелена и сина боја (сов...

bojanka.jpg

MAXIMA боенка – наш подарок за малите креативци

Боенките за деца секогаш биле ефикасна алатка за родителите, за да го преокупираат вниманието на децата и да добијат ...

50 NIJANSI SIVE.jpg

50 нијанси на сива во вашиот простор зошто да не

Сивата е неутрална бојa, боја на компромиси. Се создава со мешање на бела и црна боја, две таканаречени НЕбои. Токму ...

TOPLE I HLADNE BOJE.jpg

Топли и ладни нијанси на боите во ентериерот

Веројатно досега сте се сретнале со поделбата на боите на топли и ладни. Можеби и знаете кои бои припаѓаат на топлите...

ZELENA BOJA.jpg

Зелена боја - обојте го вашиот простор со природата

Ентериеристите напросто ја обожаваат зелената боја. Еве и зошто... Зелената боја е неутрална и се сложува со ско...